Ајде да читаме книга
Потребни материјали: Една или повеќе сликовници (ако немате, можете да направите некоја едноставна со исечени слики од списанија залепени на хартија и да ги споите, или да нацртате едноставни слики на хартија)
Што можете да направите заедно: Разледувањето сликовници е активност во која вашето дете ќе ужива на оваа возраст, доколку го правите тоа заедно. Додека читате или зборувате за сликите, охрабрете го вашето дете да ги врти страниците. Направете го тоа возбудливо: на пример, „Еј, ајде да видиме каде оди мачката сега. Може да ја свртиш страницата? “ Покажете му како и водете ја раката на вашето дете ако е потребно. Може да кажете „Браво! ја сврте страницата. Сега гледам дека мачката е на дрвото! “ Како што вашето дете станува позаинтересирано и може да врти страници, правете го ова читање на приказни секојдневно. Исто така, може да видите како вашето дете е желно самостојно да врти страници на книги или списанија.
Што учи вашето дете: Активноста на вртење страници е нова фина моторичка вештина, а вашето дете вешто ги користи рацете. Размислувањето на вашето дете исто така се зајакнува, како што тоа почнува да го поврзува она што е на страниците и следниот чекор за свртување нова страна за да види нова слика.