Услови и правила за користење

Услови и правила за користење

Со користење на апликацијата Bebbo („Bebbo“) ги прифаќате овие услови. Ако не сте согласни на овие услови, не смеете да ја користите  Bebbo.

Содржина

Bebbo е апликација која обезбедува информации и упатства за родителите на мали деца (0-6 години), околу различни аспекти на здравјето, растот и развојот на детето. Исто така, во Bebbo е достапна книга каде може да се чуваат датумите на вакцинација и здравствени прегледи, а на корисниците им се овозможува да наместат потсетници за нив.

Ве молиме, не користете го Bebbo за медицински цели. Содржината на оваа апликација не е замена за здравствени прегледи, медицински испитувања, проценки или дијагностички процедури. Ако сте загрижени за здравјето или развојот на вашето дете, УНИЦЕФ, Министерство за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука  и Институт за јавно здравје препорачуваат да се консултирате со вашиот лекар или медицинска сестра. Ако користењето на информациите содржани во апликацијата доведе до, или предизвика, загуба или штета, УНИЦЕФ и партнерите не се и не може да бидат одговорни.

Сите информации и насоки во оваа апликација служат и се наменети исклучиво за информативни и едукативни цели.

Содржината дадена во Bebbo не е за комерцијална употреба и смее да се користи само за лична, домашна и приватна употреба. Нејзината комерцијална употреба е забранета. УНИЦЕФ и неговите партнери немаат одговорност за каква било загуба на профит, загуба на работа, прекин на работа или загуба на деловна можност.

Податоци и употреба

Bebbo обезбедува општа информативна содржина за растот и развојот на децата. Локално ги чува податоците внесени од корисниците за здравјето и развојот на нивните деца. За информации околу податоците што ги собира и користи УНИЦЕФ и партнерите, погледнете ја Политиката за приватност.

Во зависност од подесувањата, Bebbo ќе може да даде потсетување за датуми на вакцинација и здравствени прегледи. Ваквите потсетувања се врз основа на обработка на информациите дадени од корисникот и примена на едноставни математички/статистички формули. Се препорачува корисникот да води посебна евиденција за овие датуми и потсетници и да не се потпира исклучиво на потсетувањата од Bebbo.

Ажурирања на содржината

Иако УНИЦЕФ и неговите партнери вложуваат разумни напори да ги ажурираат информациите на Bebbo, УНИЦЕФ, и партнерите не даваат никакви изјави или гаранции, изречно или имплицирано, дека содржината на Bebbo е точна, целосна или ажурирана.

Измени на Услови и правила

УНИЦЕФ и неговите партнери може повремено да ги изменат овие услови. Секогаш кога сакате да го користите Bebbo, проверете ги овие услови за да знаете кои услови важат тогаш.

Промени во апликацијата

УНИЦЕФ и неговите партнери може повремено да го ажурираат и менуваат Bebbo за да обезбедат најнови информации и линкови, или за да обезбедат нова функција и да ги одразат промените во потребите на нашите корисници.

Прекин или повлекување на апликацијата

Bebbo е достапен бесплатно. Ни УНИЦЕФ ни неговите партнери не гарантираат дека Bebbo, или некоја содржина на него, секогаш ќе бидат достапни или непречени. УНИЦЕФ и неговите партнери може да ја прекинат, повлечат или ограничат достапноста на целиот или дел од Bebbo поради оперативни или други причини. УНИЦЕФ партнерите ќе се обидат да ве известат во разумен рок за прекин или повлекување. Ниту УНИЦЕФ, ниту кој било од неговите партнери, немаат одговорност за ова. 

Известување на другите корисници за овие Услови и правила

Ако некој друг користи Bebbo преку вашиот уред, вие сте одговорни да го запознаете со овие услови за користење и со другите важечки услови и правила, како и за тоа да ги почитува.

Надворешни линкови и извори

Bebbo може да се поврзе со други веб-страници и извори кои не се под контрола на УНИЦЕФ или неговите партнери. Вклучувањето на такви линкови не подразбира прифаќање или одобрување од страна на УНИЦЕФ на која било веб-страница, производ или услуга.

УНИЦЕФ не презема никаква одговорност или обврска за таквите веб-страници, каде спаѓа, на пример, одговорност или обврска за точноста или веродостојноста на информациите, податоците, мислењата, советите или изјавите дадени на тие веб-страници.

Права на интелектуална сопственост

Некои од содржините достапни на Bebbo се креирани или обезбедени од нас или од нашите други даватели на лиценци.

Bebbo го овластува корисникот да пристапува и да ги користи содржината и ресурсите како што е утврдено во овие Услови за користење. Подлежејќи на овие Услови за користење, корисникот може да ги користи ресурсите на начините на кои на корисниците им е дозволено да ги користат, како што е опишано на оваа страница.

Само корисникот може да пристапи и да ги користи содржините на Bebbo и не смее да ги пренесува содржините или ресурсите на друго лице, ниту да ги „преслика“ на друг сервер.

На корисникот не му се дозволува да креира дигитални копии од содржината или да ја менува, и не смее да користи илустрации, фотографии, видео или аудио-секвенци или каква било графика.

Освен содржината на корисниците, содржината, ресурсите и сите други делови на Bebbo се сопственост на УНИЦЕФ и/или давателите на лиценци и заштитени се со авторски права, патенти и/или други сопственички права на интелектуална сопственост според националното и меѓународното право. УНИЦЕФ и неговите партнери и/или нашите даватели на лиценци ги задржуваат сите права над ресурсите и оваа страница коишто не се изречно дадени во овие Услови за користење.

Не смеете да вршите инженеринг, да декомпилирате, расчлените или поинаку да пристапите до изворниот код за кој било софтвер што се користи за управување со оваа страница. Не смеете да отстраните авторски права, лиценци или други известувања за ресурсите или нешто друго на оваа страница.

Лични податоци

УНИЦЕФ и неговите партнери ќе ги користат личните податоци само како што е утврдено во Политиката за приватност на Bebbo.

Име и амблем на УНИЦЕФ

Името и амблемот на УНИЦЕФ се ексклузивна сопственост на УНИЦЕФ. Тие се заштитени според меѓународното право. Неовластената употреба е забранета. Тие не смее да се копираат или репродуцираат на никаков начин без претходна писмена дозвола од УНИЦЕФ. Ако имате прашања во врска со ова, ве молиме контактирајте со УНИЦЕФ.

Привилегии и имунитети

Ништо овде или во врска со овие Услови за користење, Политика за приватност или Bebbo не се смета за откажување од која било привилегија и имунитет на УНИЦЕФ согласно Конвенцијата за привилегии и имунитети на Обединетите нации.