Политика за приватност
Bebbo – Вашиот придружник за родителство
Политика за приватност
Оваа Политика за приватност се однесува на апликацијата Bebbo – Вашиот придружник за родителство. Апликацијата Bebbo е дизајнирана да обезбедува информации и насоки за родителите на мали деца, на возраст од 0 до 6 години. Во оваа Политика за приватност, опишано е како апликацијата ги собира, ги користи и ги складира вашите податоци и како вашите податоци ќе бидат заштитени.
Во оваа политика, „лични податоци“ се сите информации што ни овозможуваат да ве идентификуваме вас, вашето дете или уредот што го користите кога пристапувате и комуницирате со Bebbo.
Пристапот до апликацијата Bebbo не е наменет за деца и младинци под 18 години.
Ве молиме, внимателно прочитајте ја нашата Политика за приватност пред да ја користите апликацијата. Преку пристапување до апликацијата Bebbo и нејзино користење, вие се согласувате со одредбите од оваа Политика за приватност.
Термините „вие“, „ваш/а/е/и“, „вас/вам“ и „корисник“ се однесуваат на вас како поединец кој пристапува или ја користи апликацијата Bebbo.
Што не е опфатено со политиката за приватност?
Апликацијата Bebbo може да содржи линкови до други страници или услуги што не се опфатени со оваа Политика за приватност. Ова може да вклучува преземени написи со линкови до надворешен извор.
Оваа Политика за приватност важи само за обработката на вашите податоци од страна на УНИЦЕФ и неговите овластени национални партнери во врска со апликацијата Bebbo. Собирањето, користењето и обработката на вашите податоци од која било веб-страница или услуга на трета страна до која се поврзува апликацијата или нејзината содржина, е уредена со политиката за приватност на таа трета страна.
Цврсто се препорачува да ги разгледате и да не ви претставуваат проблем Условите за користење и Политиката за приватност на третите страни пред активно да ја користите нивната страница.
Податоците се добиваат од разни извори опишани подолу:
Анонимни податоци што автоматски се собираат при вашето користење на апликацијата
Претходно опишаните таканаречени анонимни информации се користат за следење на вкупниот број корисници, зачестеноста на користење на различните карактеристики и содржината на апликацијата, со цел таа да се подобри. Овие податоци се користат исклучиво за аналитика и за подобрување на услугите за корисникот.
Складирање на информации и податоци
За да добиете содржина релевантна за возраста и полот на вашето дете, треба да ги внесете неговиот датум на раѓање и пол. Овие функции ви овозможуваат да го следите растот и развојот на вашето дете преку апликацијата, како и датумите за вакцинација и здравствени прегледи.
Апликацијата не собира лични податоци со кои може да се идентификува родителот или детето, ниту, пак, автоматски ги складира на некој надворешен сервер. Сите податоци внесени во апликацијата се чуваат само на личниот уред на корисникот – телефонот. Корисниците се целосно одговорни за податоците зачувани на нивните уреди, во согласност со соодветните политики за приватност на Гугл (Google) и Епл (Apple) (зависно од оперативнниот систем на паметниот телефон на корисникот).
За политиките за приватност на Гугл и Епл може да дознаете повеќе ако одите на:
https://policies.google.com/privacy
https://www.apple.com/legal/privacy
Апликацијата се состои од некриптирани бази на податоци кои се наоѓаат на личниот паметен уред на корисникот. Базата на податоци содржи општи информации за апликацијата, како што се податоци за игри, совети, често поставувани прашања и сите информации за детето коишто родителот ги внел во апликацијата, како што се избрани настани, вакцинација, итн. Базата на податоци не содржи никакви лични податоци.
Резервна копија на податоците
Родителот може да избере да направи резервна копија од сите податоци (на пр., ако корисникот сака да ги вчита податоците на друг паметен уред). Во овој случај, само врз основа на постапка којашто само корисникот може рачно да ја изврши, сите текстуални податоци ќе добијат резервна копија и ќе се складираат на личниот Гугл диск (Google Drive) на корисникот или во просторот за датотеки на уредот.
Корисничките податоци што ќе бидат зачувани во резервната датотека ќе бидат шифрирани поради безбедносни причини.
Како УНИЦЕФ, Министерство за здравство, Министерството за труд и социјална политика, Министерството за образование и наука и Институт за јавно здравје ги користат информациите собрани во апликацијата?
Корисникот може да биде сосема сигурен дека УНИЦЕФ и неговите национални партнери не собираат, не продаваат, не тргуваат, ниту на друг начин пренесуваат информации за личниот идентитет на корисникот.
Аналитика и подобрување на апликациијата
УНИЦЕФ и националните партнери можат да користат информации собрани во апликацијата, како што се активности на корисниците во апликацијата или одговори на корисниците во анкети содржани во апликацијата. Корисникот може или не мора да ги пополнува ваквите анкети. Тие се користат за следење и анализа на употребата на апликацијата и за нејзино подобрување и усовршување.
Консолидирани податоци
УНИЦЕФ и националните партнери може да групираат и збирно да анализираат анонимни податоци што се обработуваат за подобрување на апликацијата, како и податоци собрани во апликацијата заради статистичка анализа. УНИЦЕФ и националните партнери на овој начин може да ги користат збирните податоци и за други легитимни цели, како што се промотивни или истражувачки активности. Резултатите добиени на овој начин може да се споделат со трети страни, како што се нашите партнери, поддржувачи, едукатори и истражувачи преку конференции, списанија и други публикации.
Правен аспект
Издавачот на апликацијата не собира, ниту обработува лични податоци, т.е. податоци со кои може да се идентификува родителот што ја користи апликацијата од својот уред или детето чии податоци се внесени.
Веб-страници, апликации и услуги од трети страни
Апликацијата може да содржи линкови до други страници или услуги што не се опфатени со оваа Политика за приватност. Ова се однесува на објавување написи што може да содржат линк до надворешен извор којшто не е под контрола на УНИЦЕФ и националните партнери.
Оваа Политика за приватност важи само за обработка на вашите податоци од страна на УНИЦЕФ и националните партнери во врска со оваа апликација. УНИЦЕФ и националните партнери не се одговорни за политиките за безбедност и приватност на која било трета страна, веб-страница или услуга на која се поврзува апликацијата преку дадениот линк. Ве молиме имајте предвид дека условите од оваа Политика за приватност не важат за надворешни страници или надворешна содржина, или за збирка на податоци поврзани со надворешни страници.
Ваша согласност
Со користење на апликацијата Bebbo, се согласувате со нејзината онлајн-политика за приватност.
Последно ажурирање: 11 август 2021 година