Ајде да ги собереме!
Потребни материјали: Сите мали предмети што вашето дете ужива да ги собира и кутија во која ќе ги стави.
Што можете да правите заедно: Како што вашето дете расте, тоа природно ќе започне да претпочита да ја користи едната рака повеќе од другата. Вие не треба да го учите вашето дете да го прави тоа. Наместо тоа, дајте му многу можности да ги користи своите раце на разни начини. Една игра е само да ставите некои мали предмети (се што е безбедно) на подот во корпа или мала кутија. Со вас во близина за негова безбедност (затоа што децата ставаат мали предмети во уста), охрабрете го вашето дете да става предмети во кутијата и потоа извадете ги. Можете и вие да го правите тоа, кажувајќи му на пример „Сега влегува уште една коцка во кутијата. Сега уште една. Сега тебе ти е редот! “
Ќе биде интересно, со текот на времето, да забележите дали вашето дете ги користи двете раце на ист начин или претпочита да ја користи едната рака повеќе. Истото може да го забележите и кога вашето дете е на отворено, со која рака зема стапови или лисја или дома, кога зема лажица или чаша.
Што учи вашето дете: Искуствата со ракување со предмети се дел од развојот на „финиот моторички развој“ - вештини кои подоцна ќе му помогнат на детето да држи моливи за пишување. Секојдневните искуства се забавни и важни. Оваа активност може исто така да го зајакне развојот на говорот ако ги именувате предметите кои се користат.