Ајде да одиме на гости и да разговараме!
Потребни материјали: Не се потребни
Што можете да правите заедно: На оваа возраст, говорот на вашето дете нагло се развива и постојат многу можности да користи звуци и зборови. Се повеќе и повеќе се разбирате! Дајте му шанси на вашето дете да комуницира со други, без разлика дали се баби и дедовци (лично или преку видео повици), соседи или продавачи. Постепено, вашето дете ќе почне да се обидува да им каже нешто на овие возрасни лица. Помагнете му со поставување на прашања - на пример, „Еј, еве овошје. Какво овошје да купиме? “ Ако вашето дете одговори со нерзбирливи зборови, повторете или кажете нешто повеќе и одговорете му вие на продавачот. Овој вид на искуство може да се случи на многу различни начини. За вашето дете е возбудливо да започне да комуницира и да биде разбрано.
Што учи вашето дете: Вашето дете развива говорни и комуникациски вештини. Тоа исто така станува посигурно во социјални ситуации. Вашата поддршка го гради неговото чувство на сигурност и удобност во нови ситуации.