Алатки за менаџирање на однесување: планирано игнорирање

Планираното игнорирање е кога ќе го одвлечете вниманието од вашето дете некое време кога тоа се однесува лошо. Ова може да биде корисна алатка за однесување на детето и не треба да се чувствува како отфрлање. Сепак, ова не треба да се направи ако се чувствувате лути или фрустрирани. Ова треба да се користи во безбедна, љубовна врска. Исто така, ниту една техника не е магичен начин да им помогне на децата да се однесуваат добро, секое дете е уникатно и исто така се развива и менува.
Body

Што е планирано игнорирање?

Планираното игнорирање е една од бројните можни алатки за насочување на однесувањето на вашето дете.  Но запомнете, ниедна алатка не е магичен одговор, и секое дете е различно.  Најважно, сите овие алатки и насоки се наменети да се користат во рамките на вашиот топол, љубовен однос со вашето дете. Ајде да ја погледнеме оваа алатка!

Планираното игнорирање е необрнување внимание на детето кога тоа се однесува лошо.

На пример, ако целото семејство јаде, а вашето дете се качува и симнува од столот постојано, можете да го исклучите од разговорот и да не погледнете во нео се додека не престане. Кога ќе престане, може да му кажете, “Многу сакам коа седиш мирно на столчето додека јадеме. Ајде раскажи ни што правевте во градинка денес?”.

Клучот е да го наградите вашето дете со многу внимание кога тоа се однесува добро - но не му обраќајте внимание кога се однесува лошо.

Зошто планираното игнорирање функционира?

Планирано игнорирање функционира, бидејќи ако веќе имате топла, безбедна врска, вашето внимание е голема награда за вашето дете.

Ако вашето дете се однесува на одреден начин и го привлекува вашето внимание, тоа веројатно повторно ќе се однесува на тој начин. Но, ако го игнорирате однесувањето, тоа е помалку веројатно да се случи повторно. Значи, вниманието за добро однесување обично доведува до подобро однесување, а необраќањето внимание за лошо однесување обично доведува до помалку лошо однесување.

Во умот на вашето дете, реакцијата на родителот на лошо однесување е подобра отколку воопшто да нема внимание, па дури и критиките или дисциплинирањето може бидат почувствувани како награда - и всушност може да доведе до полошо однесување.

Треба ли да му кажете на вашето дете дека го игнорирате? Тоа зависи од тоа дали тоа кажување може да го награди со внимание. За полесно лошо однесување, може и да не кажете ништо. Или можете да му објасните дека нема да одговорите кога детето се однесува на одреден начин. Потоа игнорирајте го однесувањето секогаш кога ќе се случи, без да кажете ништо друго.

Важно е дека детето не треба да го почувствува игнорирањето како отфрлање. Ако сте навистина лути, и тој гнев се чувствува во тонот на вашиот глас (“Грр, јас те игнорирам! “), најдобро е да не ја користите оваа алатка токму сега.

Планирано игнорирање: совети

Еве неколку совети за користење на планираното игнорирање.

  • Целосно игнорирајте. Не гледајте го вашето дете или не кажувајте ништо додека тоа се однесува лошо. Пораки, насмевки или дури и намуртено лице можат да го охрабрат да продолжи.  Каде што е безбедно и практично, мирно одете подалеку од детето, се додека се однесува лошо.
  • Започнете со игнорирање кога ќе почне лошото однесување. Престанете да игнорирате кога однесувањето ќе запре некое време. Ова може да значи 20 секунди игнорирање за мало дете и неколку минути игнорирање за постарите деца. Можете повторно да одговорите кога вашето дете ќе престане да се однесува лошо.
  • Планирајте некои начини на одвлекување на вниманието ако мислите дека ќе ви биде тешко да го игнорирате вашето дете. Можете да пуштите музика, да броите во вашата глава, да вежбате дишење или да ја планирате вашата листа за шопинг.
  • Постојано обрнувајте внимание на однесувањето што сакате да го видите наместо однесувањето што го игнорирате.

Запомнете, понекогаш децата се однесуваат на предизвикувачки начини за да изразат големи чувства или грижи. Сите ние се справуваме со некои страшни ситуации.  Кога тоа ќе се случи, добро е да се обидете да разговарате со вашето дете за неговите чувства - или можете да зборувате потоа кога ќе се смири. Кога му помагате на вашето дете да ги разбере своите чувства, тоа му помага да управува со своите чувства и однесување.

Како да одлучите да користите планирано игнорирање

Игнорирањето не е секогаш најдобра опција. Пред да одлучите да го игнорирате однесувањето, добра идеја е да проверите неколку работи.

Дали однесувањето е наградено со туѓо внимание?
Ако однесувањето е наградено со нечие внимание - на пример, браќа и сестри или пријатели - нема да направи никаква разлика ако го игнорирате. Во овој случај, можеби ќе треба да употребите друга алатка за однесување - на пример, менување на околината на вашето дете.

Треба ли да го игнорирате однесувањето?
 Не можете да го игнорирате опасното однесување или однесување што ги повредува другите или оштетува имот - на пример, гризење, удирање, влечење на завесите или фрлање работи. Во овој случај, може да биде соодветна алатката„тајмаут“ .

Можете ли да го игнорирате однесувањето каде и да се случи?
Ако го игнорирате однесувањето на едно место, но не на друго место, ќе добиете повеќе од однесувањето на местото каде што не го сакате. На пример, ако го игнорирате вашето дете кога вика дома, но не и во супермаркет, може да добиете повеќе викање во супермаркет. Може да се обидете да планирате напред за однесувањето во супермаркет.

Дали другите луѓе ќе го игнорираат однесувањето?
Ако успеавте успешно да го игнорирате однесувањето, но вашиот партнер, пријател или роднина одеднаш доаѓа и обрнува внимание, вашата добра работа ќе биде поништена. Поддржувањето на едни со други е важен дел од насочувањето на однесувањето на вашите деца, па затоа е добро ако вие и вашиот партнер можете да разговарате и да се согласите за тоа кое однесување ќе го игнорирате.

Бидете подготвени - однесувањето што е игнорирано често се влошува пред да се подобри. Децата може да се жалат или да се закачат повеќе, надевајќи се дека ќе одговорите. Треба да го разгледате ова кога одлучувате дали да користите планирано игнорирање како алатка за однесување.