Аутизам

Аутизмот е комплексно невроразвојно нарушување кое вклучува голем број карактеристики во однесувањето на детето кои се појавуваат пред третата година од животот.
Body

Ниту едно дете со аутизам не е исто, но сите имаат карактеристични симптоми како што се:

  • тешкотии при постигнување социјализација и комуникација / не остваруваат контакт со очите за да привлечат нечие внимание, не користат зборови за комуникација иако можат да ги изговараат, имаат потешкотии при започнување и одржување на комуникација, намалена желба за интеракција со други луѓе
  • присуство на стереотипни активности, ограничени интереси / на пример, детето собира само стапови, врти тркала на автомобили
  • повторувачко однесување / детето го повторува истото дејство многу пати, отвора и затвора фиоки, вклучува сијалици
  • присуство на сензорни тешкотии - на пример, детето може да биде преосетливо на звук или светлина, може да биде чувствително на различни мириси и вкусови

Често се присутни дополнителни тешкотии, како што се:

  • тешкотии во исхраната
  • тешкотии во спиењето
  • анксиозни нарушувања
  • епилепсија
  • депресија
  • проблем со внимание
  • проблем со моторната координација
  • самоуништувачко однесување и самоповредување