„Бам“!
Потребни материјали: Кутија или пластичен сад; предмети со различна големина.
Што може да правите заедно: Пред да започнете, осигурајте се дека околината во која ќе играте е безбедна - седнете го детето на столче или на мека подлога на подот.
Најпрво, покажете му ги предметите, а потоа покажете му како може да ги фрли во кутијата, Кога предметот ќе падне во кутијата, мотивирајте го детето со тоа што ќе викнете „БАМ“ и повторно дадете му го предметот за да го фрли.
Доколку предметот падне надвор од кутијата, можете да испуштите некој смешен звук и да го охрабрите бебето да ја го прифати промашувањето.
Што учи вашето дете: Со оваа активност, му помагате на вашето малечко да ја развие координацијата рака-очи, да препознава различни предмети кога ги фаќа и допира и да ги става во кутија.