Барање на скриени предмети
Потребни материјали: Неколку меки играчки или предмети од дома, безбедни и привлечни за бебето.
Што можете да направите заедно: Ставете го вашето бебе на стомак, на тепих или друга мека површина. Седнете така да можете да го гледате лицето на вашето бебе и да ја контролирате неговата безбедност. Ставете неколку играчки на едната (левата или десната) страна на бебето надвор од негов дофат, но во полето на неговиот вид. Почекајте да ги забележи или привлечете го неговото внимание со изненаден тон на гласот (велејќи: „Аааа, што има тука ?!“). Почекајте вашето бебе да се преврти за да може да дофати некој од предметите. Ако вашето бебе не се обиде самостојно, помогнете му да се преврти од стомак на грб за да може да ги дофати предметите. Охрабретего со ентузијастички глас и широка насмевка. Кога тоа ќе престане да се интересира, ќе погледне настрана или ќе протестира - повторете го целиот процес со други предмети, од другата страна.
Што учи вашето дете: Вашето бебе има можност да истражува предмети гледајќи ги, движејќи ги од рака во рака, допирајќи ги, ставајќи ги во уста.