Барање звуци

Потребни материјали: Не се потребни.

Што можете да правите заедно: Како што децата сакаат да бараат богатство, тие се радуваат и кога слушаат звуци. Сè што треба да направите е да воспоставите навика да застанете и да слушате, за да ги „фатите“ сите звуци во собата или во околината. Во тишина, поттикнете го вашето дете да го стори истото.  Кажете му на пример, „шшшш, ајде да слушнеме каков звук можеме да слушнеме“ и потоа покажете му ги ушите. Можеби ќе слушнете чукање, плачење, крцкање, штракање, гребење, брборење. Охрабрете го детето со зборовите „Ајде да видиме дали можеме да ги опишеме звуците што ги слушаме. Слушам како чука часовникот, како минува автобусот, како соседот пристигнува со лифт “.  Користете интересни зборови - дури и ако вашето дете сè уште не ги разбира.  

Ако детето е постаро, можете да го поставите и прашањето "Каде можам да го слушнам овој звук?" (и потоа имитирајте го звукот).  Нека ужива во чувството на откривање и воспоставување врска помеѓу звукот и предметот што го создава, со именување на предметот. На тој начин, говорот ќе се поврзе со концептите и ќе го збогати и речникот. 

Оваа активност можете да ја користите практично во секоја ситуација - за време на игра и во слободно време, но и за време на дневните рутини - облекување, подготвување оброци, хигиенски навики, шопинг, пешачење, возење и (ако дозволуваат локалните здравствени услови) кога чекате автобус или додека чекате ред во банка, во пошта или на лекар.

Што учи вашето дете:  Вашето дете со нетрпение очекува активности со вас и додека играте заедно, тоа имитира изрази на лицето, гестови и некои активности на блиски луѓе, покажува со показалецот кон она што го интересира или нуди работи на други луѓе со цел да ги заинтересира и ги вклучи во играта. Оваа активност го гради неговиот речник и сознанија за светот. Дозволете му на вашето дете да ја истражи околината и да ви каже што слуша, дури и со гугање или едноставни зборови.