Безбедно истражување на предмети

Потребни материјали: Предмети со кои вашето дете си игра и ги истражува, и две кутии.

Што можете да правите заедно: Ова е возбудливо време во животот на вашето бебе!  Тоа со нетрпение, и се повешто, ги истражува сите предмети со своите раце.  Продолжува да става предмети во уста. Се чувствува добро, и тоа е уште еден начин да научи за светот. Сепак, задушување или голтање предмети претставува вистински ризик.

Постојат работи што можете да ги направите! На пример, може да соберете предмети што вашето бебе ужива да ги истражува - играчки и други предмети кои ги имате дома - и да видите кои се доволно мали за да бидат ризични ако не го надгледувате вашето бебе. Може да ги ставите во една кутија и да ги оставите на безбедно место каде што ќе можете да ги изнесете само кога сте во близина. Другите предмети може да бидат во „Кутија за истражување“, кутија која вашето бебе може да ја преврти, да ги извади предметите и да ги става во уста колку што сака. Користете ги следниве зборови кога го гледате или играте со вашето бебе за време на неговото истражување на предметите:  „Што најде? Лажица. Можеш да тропаш со неа! “

Што учи вашето дете:  На оваа возраст, најважниот начин вашето дете да научи за светот е со истражување на предмети. Какво е ова чувство? Дали овој друг предмет ќе го чувствувам исто?  Како ќе се чувствувам ако го ставам во уста?  Дали е цврсто? Меко? Можам да го стиснам?  Што можам да направам со ова?  Да го треснам? Да замавнам? Со тоа што на вашето дете ќе му овозможите безбедно да истражува предмети, вие го поддржувате развојот на сетилата на вашето бебе и му ги зајакнувате вештините за размислување. Дополнителна вредност е да му зборувате на вашето бебе за она што го прави.