Бронхиолитис
Причини за бронхиолитис
Бронхиолитис е предизвикан од многу различни вируси, но најчесто е предизвикан од вирус наречен респираторен синцицијален вирус (РСВ). Овој вирус се шири преку кивање, кашлање или личен контакт.
Симптоми на бронхиолитис
На почеток, симптомите на бронхиолитис изгледаат како да е настинка. Тоа се симптоми како течење на носот, кивање, блага кашлица, а понекогаш и треска.
Како што се развива болеста, дишењето станува брзо и напорно, а кашлицата потешка.
Се забележуваат знаци на отежнато дишење кај децата - на пример, ребрата се поместуваат и излегуваат повеќе од вообичаеното, а ноздрите се шират. Се слуша звук од отежнато дишење наречен „звук на свиркање“ кога вашето дете издишува. Кај потешките случаи, усните може да изгледаат сини.
Детето потешко се храни и лесно се вознемирува.
Бронхиолитисот обично најлошо се манифестира на вториот или третиот ден, но може да трае и до 10 дена. Како што вашето бебе се подобрува, отежнатото и брзо дишење се смируваат. Кашлицата може да трае подолго.
Бронхиолитис е најчест кај бебињата и малите деца.
Бронхиолитис има слични симптоми како астма, но тоа е различна состојба и бара различен третман.
Кога да посетите лекар за бронхиолитис
Треба веднаш да посетите лекар доколку вашето дете:
- дише многу брзо или има нередовно дишење
- кашла и е вознемирено
- има потешкотии во хранењето или пиењето, а пелените се помалку влажни од вообичаеното
- ја менува бојата на лицето кога кашла.
- почести знаци на замор и поспаност.
Веднаш одете во болница доколку детето има недостаток на здив, тешкотии при дишењето или изгледа сино околу усните.
Третман за бронхиолитис
Ако бронхиолитисот на вашето дете е благ, ќе можете да се справите со него дома:
- Ако вашето дете е помало од шест месеци (при доење), започнете со пократки и почести доења.
- Ако вашето дете е помало од шест месеци (се храни со вештачко млеко), продолжете со вообичаената количина млеко. Можеби ќе треба да го храните во помали количини, но почесто.
- Ако вашето дете е постаро од шест месеци, продолжете со доење или хранење со шише. Можете да му понудите и чиста течност, како на пример вода. Ако вашето дете не е гладно додека има треска, тоа е во ред и нормално.
- Дајте му на вашето дете парацетамол според упатствата доколку има треска.
- Осигурајте се дека детето има добар и соодветен одмор.
- Осигурајте се дека во средината каде што е вашето дете е забрането пушење и нема чад од цигари. Исто така, избегнувајте контакт со други бебиња и деца во првите неколку дена, бидејќи бронхиолитисот е заразна болест.
Антибиотици не се потребни бидејќи бронхиолитисот е предизвикан од вирус, а антибиотиците не ги лекуваат вирусите.
Ако бронхиолитисот на вашето дете е посериозен, треба да одите во болница по консултација со лекар. Најчесто ова е последица на несоодветна исхрана, дехидрирање или детето има поголема потреба од кислород. Лекарот одредува дали вашето дете треба да оди во болница.
Загубените течности може да се компензираат преку носна цевка или преку вена. Понекогаш може да се дадат лекови за астма како што е Вентолин. Кај некои деца овие лекови доведуваат до полесно дишење со отворање на дишните патишта, но генерално не се ефикасни кај деца со бронхиолитис.