Читање со детето

Читањето е еден од начините за детето да добие „јазична исхрана“. Оваа „храна“ е еден од најсеопфатните начини за стимулирање на развојот, како што е докажано од науката. Читањето нуди зборови - имиња на работи, активности, настани што детето ги гледа околу себе, неговите искуства, чувства и слично.
Body

Приказните му нудат можност на детето да разбере или анализира нешто што доживеало, да го разбере однесувањето на ликовите, како и причините и последиците од тие однесувања. Приказните нудат можност детето да размислува и да воспостави логички врски, да зборува, да замислува - да го промени текот или крајот на приказната и слично.

При спомнувањето на читањето, обично прво помислуваме на ритуал пред спиење. Возрасниот ја зема книгата и чита на глас. Детето може или не може да учествува во оваа активност и таа главно е наменета да го смири. Топлиот глас на родителот, блискоста, нежноста во оваа активност секако придонесуваат за зближување со детето.

Читањето со дете е различно
Потребно е детето да биде будно, подготвено активно да учествува, да го иницира и води читањето.

Читањето со детето треба да се одвива во текот на денот, кога детето ја избира таа активност и е подготвено да истражува низ неа. Книгата ја избира детето и, како и во секоја игра, важно е да му се овозможи да ја води самата активност. Важно е да се ценат, препознаат и да се зајакнат начините на учество на детето, да се прошири неовиот интерес, да му се задржи вниманието и да му се овозможи вистинско истражување и учење преку играње со зборови и слики.

Можете да читате со вашето дете во секое време и каде било
Земете книга со себе кога одите на прошетка, или на преглед кај педијатарот. Книгите нека му бидат достапни на детето уште од најраните денови - ставете ги некаде каде што може да ги дофати, оставете ги во секоја соба. Имајте на ум дека 15 минути читање со детето е количина на „јазична исхрана“ која ќе направи разлика во искуството и развојот на вашето дете!