Читање со вашето бебе
Потребни материјали: Бебешка книга (изработена од ткаенина или со тврд повез, слики во светли бои и тактилни елементи). Ако немате, можете да користите обична хартија преклопена на половина на која можете да нацртате неколку слики или форми во светли бои.
Што можете да направите заедно: Ставете го бебето во скут за да можете да ја гледaте книгата заедно, но истовремено да можете да го гледате и лицето на вашето бебе. Поставете ја книгата за да можете и да ја видите и да ја читате! Зборувајте за тоа што има на сликата или раскажете приказна, покажувајте со прстот кон сликите и именувајте ги. Користете кратки и едноставни реченици. Променете го тонот на вашиот глас, бидете тивки, па изненадете се.
Дозволете му на вашето бебе да го види вашиот израз на лицето, а вие набљудувајте ги неговите реакции и прашувајте го дали тоа што го гледа му се допаѓа или не му се допаѓа. Дозволете му да ја допре книгата, да ја стави во устата (доколку е безбедна) и да ја истражува на други начини. Ако бебето испушти звук додека чита, дозволете му да „чита“ исто така. Слушајте го и одговорете му со повторување на неговите звуци, поставувајќи му прашања и пофалете го. Кога ќе забележите дека вашето бебе повеќе не е заинтересирано - го свртува погледот или протестира на некој друг начин - трпеливо почекајте неговото внимание да се врати на книгата и продолжете. Ако книгата веќе не му е интересна, вратете се на читањето подоцна.
Што учи вашето дете: Читањето и разгледувањето книги заедно е важно за комуникациските вештини и развојот на говорот на вашето бебе.