Цртање кругчиња
Потребни материјали: Бела или хартија во боја, дрвени или мрсни боички
Што можете да направите заедно: Вашето дете ќе сака да чкрта или да црта форми на хартија на оваа возраст. Едноставно дајте му хартија и боички и видете што се може да направи! Кругови се обично првата форма што повеќето деца почнуваат да ја цртаат. Една забавна активност е целата хартија да ја исполните со кругчиња. Може да кажете: „Ајде да цртаме кругчиња! Види, прво ќе нацртам јас“. Можете да нацртате неколку кругови на хартијата и да кажете „Сега е твојот ред! Каде ќе ги нацрташ твоите кругчиња? Еј, овој круг е навистина голем! (или други интересни коментари). Дали сакаш да нацрташ со друга боја? Погледни колку кругчиња нацртавме! “ Не грижете се ако кругот на вашето дете не е како вашиот. Ако на вашето дете оваа активност му е навистина предизвик, можете нежно да му ја насочувате раката, или да ја оставите оваа активност за подоцна и едноставно да се забавувате чкртајќи.
Што учи вашето дете: Вашето дете добива поголема контрола врз употребата на молив или боичка. Тоа внимателно набљудува и се обидува да направи форма слична на вашата. Со овој вид на активност се зајакнуваат физичкиот и когнитивниот развој на вашето дете, а тоа што го правите заедно ја гради вашата врска.