Цртање животни со отпечатоци од прсти

Потребни материјали: бои кои лесно се мијат / нетоксични бои; плитка чинија за мешање на боја; хартија; престилки или стара облека; чаршав; стара крпа.

Што можете да направите заедно: Започнете со подготовка на сè што ќе ви треба, за да бидете креативни и лесно да исчистите кога ќе завршите (особено со помали деца).

Прашајте ги децата кои животни би сакале да ги нацртаат. Можат да изберат мачка, слон, глушец, желка… или неколку животни за да нацртаат фарма, зоолошка или шума!

Следно, извадете ги боите! Можете да користите плиток сад за да измешате неколку бои - совршен начин децата да научат како да прават нови бои.

Побарајте од децата да ги притиснат прстите или палците во бојата, а потоа врз хартијата за да нацртаат глави и тела на животните.

Оставете ја бојата да се исуши, а потоа замолете ги децата да цртаат детали, како што се уши, опашки - се што е потребно за да ги завршат своите цртежи!

Постарите деца можат да имаат уште поголема фантазија, па со своите отпечатоци да создадат цел цртеж, како на пример море околу водена желка или трева и дрвја околу слон.

Може да биде тешко за помладите деца да се спротивстават на нагонот за размачкување и лизгање на отпечатоците од прстите на хартијата. Обезбедете им дополнителен лист хартија за да можат да мачкаат колку им сака душа!

Што учи вашето дете : Малите деца никогаш не се заморуваат да користат бои! Оваа креативна активност им овозможува на децата да се изразат со боја и детали додека ги цртаат своите омилени животни со помош на своите прсти!