Дали можеш да го користиш ова?

Потребни материјали: Секојдневни предмети кои му се познати на вашето дете (како чешел, лажица, четка за заби, мала метла и сл.)

Што можете да правите заедно: На оваа возраст, вашето дете покажува дека разбира за што се користат различни предмети. Вашето дете го учи ова гледајќи ги другите во семејството, како и со поттикнување да ги користи овие предмети само. Можете да помогнете! На пример, кога се облекувате наутро, можете да му дадете на вашето дете чешел и да му кажете: „можеш да си ја исчешлаш косата?“ (па и да му помогнете покажувајќи како се прави тоа или нежно водејќи ја раката на вашето дете) „Да, така се прави тоа!“  Пробајте го ова со други секојдневни предмети. Ако видите како вашето дете се обидува само, охрабрете го - „Еј, па ти го чистиш подот со метлата. Ти си големо девојче / момче! “

Што учи вашето дете:  Знаејќи дека предметите рутински се користат на одредени начини е важен чекор во размислувањата на вашето дете. Тоа воспоставува ментални врски помеѓу некој предмет (четка за заби) и неговата типична употреба (миење на забите) - голем чекор за детето. Во исто време, можете да го збогатите говорниот развој на вашето дете со употреба на зборови за секојдневни предмети и постапки. Забавувајте се заедно!