Дали пандемијата со КOВИД-19 влијае на болниците пријателки на бебињата?
Мајките, семејствата и професионалците се соочуваат со големи предизвици.
Светската здравствена организација препорачува жена по породување со сомневање или потврдена инфекција со КОВИД-19 (со поблага клиничка слика или некомплицирана пневмонија):
- може да го дои своето бебе, или да се измолзи за да го нахрани бебето со млеко. Потребна е примена на сите хигиенски мерки за спречување на пренос на инфекција.
- може да има контакт „кожа на кожа“ со новороденчето (со сите препорачани мерки за спречување на пренос на инфекција).
Овие препораки не се усвоени од сите земји. Во некои земји, мајката позитивна на КОВИД-19 се одвојува од детето веднаш по раѓањето, без оглед на клиничката слика на болеста. Стравот од можна изложеност на новороденчето или здравствените работници на инфекција ја исклучува блискоста мајка-дете, доењето на детето и контакт кожа-на-кожа.
Ситуацијата со инфекцијата КОВИД-19 трае веќе две години, но ние научивме како да го подобриме начинот на кој се бориме со него, истовремено зачувувајќи ја хуманизацијата и квалитетот на грижата за новороденчињата во блиска иднина и за други пандемии што може да нe снајдат.
Мајчиното млеко штити од болести и смрт во периодот по раѓањето и за време на детството. Има долготраен ефект врз имунолошкиот систем на детето. Заштитниот ефект е особено силен против заразни болести кои се спречуваат со директен пренос на антитела и други антиинфективни фактори.
Постапката за контакт кожа на кожа ја подобрува регулацијата на телесната температура и го регулира нивото на шеќер во крвта кај новороденото, го намалува стресот кај мајката и новороденото и придонесува за емоционална приврзаност и успех во доењето.