Децата сакаат да зборуваат со возрасните

Потребни материјали: Не се потребни.

Што можете да правите заедно: Децата уживаат да разговараат со возрасните. Секогаш кога ќе имате можност, започнете разговор повторувајќи ги звуците што ги прави вашето дете (без разлика дали тоа е збор, извик или неартикулиран глас) и потоа почекајте да видите дали детето ќе го имитира и повтори, и со тоа започнува првиот чекор на разговорот помеѓу вас. Потоа можете да воведете уште неколку звуци или зборови и со насмевка или вербално охрабрување да ги повикате да учествуваат - на пример, „Муууу“, „Кравата вели мууу“, „Ајде, кажи муууу“! Секогаш поддржувајте го и пофалете го учеството на детето, а потоа истражувајте други зборови кога е можно - како звучи ветерот, како звучи дождот, како звучи реката, како звучи вода во бањата, како звучат влечките на тато, како звучи вратата на градинката. ..

Оваа активност можете да ја користите во секоја животна ситуација - за време на игра и во слободно време, но и за време на дневните рутини - облекување, подготвување оброци, одржување на хигиена, шопинг, пешањење, возење, чекање.  Исто така, не заборавајте да го направите разговорот важен дел од вашето секојдневно читање книги:  „Што прави моето девојче? Што гледаш?  Го гледам кучето; Се прашувам што вели тоа? “

Што учи вашето дете:  Во комуникација со вас, вашето дете учи да користи комбинација на зборови и да го збогати својот вокабулар додека ги истражува зборовите со вас.