Детето не јаде? Идеи и совети

Вообичаено е малите деца да јадат многу мали количини храна или воопшто да не јадат. Дајте им на децата здрава храна и оставете ги да одлучат колку храна ќе јадат. Обидете се да го процените апетитот во текот на една недела, а не во текот на еден ден. Обидете се да создадете позитивна средина за јадење, бидете истрајни со нова храна и следете го примерот на вашето дете.
Body

Детето не јаде - или не јаде доволно?

Многу родители се грижат дали нивните деца јадат доволно здрава храна. Вообичаено е малите деца да јадат само многу мали количини, да негодуваат за она што го јадат или сосема да одбиваат да јадат.

Постојат неколку причини за тоа:

  • Апетитот кај малите деца варира постојано поради интензивни интервали на раст и варијации во активноста.
  • Малите деца не растат толку брзо како бебињата, затоа им треба помалку храна.
  • Малите деца имаат мали стомачиња.
  • Малите деца се многу заинтересирани за светот околу нив, па затоа имаат кратко внимание за храна.
  • Малите деца сакаат да ги поместуваат границите и да покажат колку можат да бидат независни.

Да се јаде некоја храна еден ден и да се одбие следниот ден е вообичаено однесување кај малите деца. Тоа е еден од начините на кои малите деца покажуваат колку се независни. Може да размислите за тоа и вака: вие ќе обезбедите здрава храна за вашето дете, а вашето дете ќе одлучи колку храна ќе јаде - или нема да јаде.

Подеми и падови на апетитот: како да се справите со нив

Ако вашето дете воопшто не јаде или не јаде цели оброци, можете да се обидете да ја намалите количината што му ја давате. Нормално е на малите деца да им требаат само мали порции за време на оброците.

Исто така, избегнувајте да се обидувате да го натерате вашето дете да изеде се што е во чинијата, бидејќи тоа може да му предизвика стрес. Наместо тоа, пофалете го вашето дете за она што го изело или испило, ако тоа е се што тоа сака да го јаде.

Во редовно време помеѓу оброците, можете да му понудите на вашето дете здрави закуски како овошје или зеленчук исечено во форма на стапчиња. Ова ќе го одржи вашето дете сито доколку јаде мала количина за време на на главните оброци.

Се додека му нудите на детето здрава храна, обидете се да не се грижите ако понекогаш јаде малку. Вашето дете не гладува. Децата всушност се многу добри во проценувањето на тоа колку храна им е потребна.

Проценувајте го апетитот на вашето дете во текот на една недела, наместо во текот на еден ден. Во ред е ако јаде помалку денес - утре може да биде погладно.

Пробување нова храна: совети

Можеби мислите дека вашето дете е пребирливо и ќе јаде само една или две посебни намирници.

Но, понекогаш малите деца ќе пробаат нова храна доколку продолжите да се обидувате. Еве неколку идеи што можат да помогнат.

Создавање позитивна средина за јадење

  • Направете ги оброците среќен, редовен и социјален семеен настан. Седнете заедно да јадете со вашето дете секогаш кога можете.
  • Покажете му на вашето дете колку уживате кога ја јадете подготвената храна.
  • Вклучете го вашето дете да помогне да се подготват семејните оброци.
  • Понудете нова храна кога вие и вашето дете сте опуштени, а детето не е премногу уморно или не му го одвлекуваат вниманието некои други работи.
  • Поставете временско ограничување од околу 20 минути за оброк. Ако вашето дете не јаде, тргнете ја чинијата и не му нудете алтернативна закуска или оброк.
  • Избегнувајте да го казнувате вашето дете за одбивање да проба нова храна. Ова може да го претвори вкусот на нова храна во негативно искуство.
  • Избегнувајте да го подмитувате вашето дете со слатки или дуги омилени работи само за да јаде здрава храна. Ова може да го направи повеќе заинтересирано за ужинки отколку за здрава храна и испраќа порака дека јадењето здрава храна не е неопходно.

Послужување нова храна

  • Продолжете да му нудите нова храна. Може да поминат 10-15 обиди за децата да прифатат и да уживаат во нова храна.
  • Послужете му ја на детето истата храна како и остатокот од семејството. Вашето дете ќе ги добие нутритивните придобивки од широк спектар на храна и ќе прифати новите вкусови и текстури како „нормални“.
  • Понудете нова храна со храна што вашето дете веќе ја знае и сака.
  • Ако вашето дете одбие нешто, понудете му го истото повторно за една недела. Овојпат може ќе ја изеде, па дури и да побара повеќе - интересот на малите деца за храна може многу да варира.

Дозволете детето да ве води

  • Оставете го детето да ја допира, да ја лиже и да си игра со храната и очекувајте неред додека учи да јаде.
  • Дозволете му самото да се храни и дајте му на вашето дете помош доколку е потребно.
  • Ако вашето дете изгуби интерес или изгледа уморно, чудно или лошо, тргнете ја храната.

Откако ќе пронајдете нешто кое вашето дете ужива да јаде, може да ви стане предизвик да продолжите да му давате. Но, вашето дете треба да јаде широк спектар на храна за да ги добие сите хранливи материи што му се потребни за раст и развој. Затоа, важно е постојано да му нудитемногу разновидна храна.

Понудете разновидна храна од петте групи на храна на секој семеен оброк. Самите одредете ја разновидноста - покажете му на вашето дете дека сте подготвени да пробате нова храна и дека и вие уживате во неа. Здравата семејна храна и средината за јадење која поттикнува позитивен став кон здравата храна, прават одличен почеток за вашето дете.

 

Знаци дека на малите деца им е потребна помош со храна и јадење

Ако вашето дете е генерално здраво и расте добро, и има доволно енергија за да игра, учи и истражува, вашето дете веројатно јаде доволно.

Но, проверете кај вашиот општ лекар или диететичар доколку:

  • вашето дете јаде само многу малку и само одереден вид храна
  • вашето дете не јаде некаква храна некое време
  • вашето дете постојано одбива храна
  • загрижени сте за растот или целокупната исхрана на вашето дете.