Доење додека сте тешко болни со КОВИД-19

Мајчиното млеко обезбедува антитела кои им даваат на бебињата насекаде здрав поттик и ги штитат од многу инфекции. Антителата и био-активните фактори во мајчиното млеко може да се борат против инфекцијата со КОВИД-19, доколку бебето биде изложено на вирусот. Покрај тоа, вирусот корона не е пронајден во мајчиното млеко, а преносот преку доење не е докажан.  
Body

Мајчиното млеко обезбедува антитела кои им даваат на бебињата насекаде здрав поттик и ги штитат од многу инфекции. Антителата и био-активните фактори во мајчиното млеко може да се борат против инфекцијата со КОВИД-19, доколку бебето биде изложено. Покрај тоа, вирусот корона не е пронајден во мајчиното млеко, а преносот преку доење не е докажан.  

Ако мајката има тешка форма на КОВИД-19 или други здравствени компликации, што ја спречува да се грижи за своето новороденче или ја спречува да продолжи да дои, мајките треба да измолзуваат млеко и безбедно да му го даваат на доенчето, додека применуваат соодветни хигиенски мерки.  

  1. Ако мајката го измолзува мајчиното млеко со рака, рачна или електрична пумпа, треба да ги измие рацете пред да се имолзи или кога допира делови од пумпата или шишето и да обезбеди правилно чистење на пумпата по секоја употреба.  

  1. Нахранете го детето со мајчиното млеко користејќи чиста чаша и/или лажица, по можност од страна на лице кое нема знаци или симптоми на болеста. 

Ако мајката се чувствува премногу лошо за да дои или не е достапно мајчино млеко или донор на човечко мајчино млеко, може да се користи соодветна замена. Ова може да биде детска формула ако доенчето е на возраст под <6 месеци, и млеко кое е ултра-топло третирано (UHT) и дополнително хранење ако доенчето / бебето е на возраст од 6-23 месеци.