Гадење

Гадење е чувството дека ќе повраќате. Однесувајте се кон гадење со давање на вашето дете мали количини на вода или течност за орална хидратација и лесна сува храна. Одете на лекар ако гадењето на вашето дете трае повеќе од 24 часа.
Body

Што е гадење?

Гадење е чувството дека ќе повраќате.

Вашето дете може да чувствува гадење кога:

  • е болно — на пример, ако има болки во желудник
  • зема некои лекови
  • има интолеранција на некоја храна
  • се вози во кола

Симптоми на гадење

Постарите деца и тинејџери веројатно ќе ви кажат дека не се чувствуваат добро или имаат чувство дека ќе повратат.

Помладите деца можеби нема да можат да ви кажат дека имаат чувство дека ќе повратат, но може да изгледаат бледо и лошо.

Понекогаш гадењето останува единствен симптом, а понекогаш детето може и да поврати.

Дали треба да одите на лекар за гадење?

Треба да го видите вашиот лекар ако гадењето на вашето дете трае повеќе од 24 часа или детето чувствува гадење плус било кој од следниве симптоми:

  • повраќање
  • неодамнешна повреда на главата
  • болка во стомакот или надуеност.
  • висока температура
  • ако сте загрижени

Однесете го детето во болница веднаш или повикајте брза помош ако вашето дете има гадење плус било кој од следниве симптоми:

  • главоболка или вкочанет врат
  • тешкотии при дишењето или оток околу лицето или устата
  • заматен вид
  • конфузија и поспаност

Ако вашето дете има гадење и сте загрижени дека му е многу лошо, одете кај матичниот лекар или повикајте брза помош.

Третман на гадење

Ако вашето дете чувствува гадење, едноставниот третман обично е најдобар. Исто така е добро доколку можете да откриете што е тоа што му предизвикува гадење и да ја лекувате оваа основна причина.

На пример, за гадење што е поврзано со органите за варење, осигурете се дека детето избегнува масна храна или тешки оброци. Наместо тоа, охрабрете го вашето дете да пие мали количини на вода или течности за орална рехидратација, и да јаде сува храна (како на пример двопек или бисквити).

Ако вашето дете е во болница и има гадење, може да помогне давање на лекови преку инфузија. 

Лековите за спречување на гадење ретко помагаат, и може да имаат многу непријатни несакани ефекти кај мали деца.