Гледање во ѕвездите
Потребни материјали: Не се потребни.
Што може да правите заедно: Гледањето во ѕвезди можете да го правите на прозор или на тераса, но најдобро е доколку можете да одите со семејството на некое темно, тивко и безбедно место, каде што нема загадување со светлина од околните светлечки објекти.
Некоја ведра ноќ, подгответе топло чоколадо и грицки. Облечете се топло и понесете неколку ќебиња или вреќи за спиење, доколку имате дома.
Постелете ги ќебињата, легнете на грб и погледнете во космичкиот тепих над вашите глави. Побарајте од децата да ја покажат месечината. Дали им личи на некој предмет? Дали можат да ја покажат најсјајната ѕвезда? Што мислат, колку се стари ѕвездите? Побарајте да си одберат омилена ѕвезда и да си замислат желба!
Постарите деца ќе уживаат во барање на соѕвездија (на интернет имате многу слики од соѕвездија, испечатете ги и понесете ги совас), но децата од сите возрасти сакаат да водат дневник за ѕвездите и да запишуваат што гледаат. Ако имате среќа, може да видите и ѕвезда која паѓа преку небото!
Луѓето се создадени од ѕвездена прашина! Скоро сите елементи во човековото тело се софржат во ѕвездите кои одамна експлодирале.
Гледањето во ѕвезди е прекрасна активност за која не ви е потребна никаква опрема – се што ви е потребно е ведра ноќ.
Што учи вашето дете: Оваа активност ги воведува децата во концептот за сончевиот систем и е брилијантен начин да ги воведете во концептите за наука, природа, историја, вселена и секако, вонземјани!