Графикони за раст на детето
За растот на дететоРастот на децата е одраз на нивното целокупно здравје и исхрана. Сите бебиња и деца растат со различна стапка, и постои голем опсег кога станува збор за „нормално“. Растот на вашето дете е единствен за него и обично следи модел што одговара за него. Дома со вашето бебе, ќе знаете дали тоа расте. 'Ќе забележите дека станува премногу големо за облеката,, кадичката за бањање или други работи што се чинеа огромни кога беше само новороденче. Што претставуваат графиконите за раст?Графиконите за раст ги користат здравствените работници и родителите за да го следат растот и развојот на детето . Растот на детето се пресметува врз основа на стандардите за раст на Светската здравствена организација. Овие стандарди претставуваат најдобар опис на физиолошкиот раст за сите деца од раѓање до петгодишна возраст и се базираат на податоци од 8500 деца од целиот свет, вклучително и од Европа. Z-резултатите или резултатите на стандардното отстапување е единица што се користи за мерење на растот на децата. Овие единици ни кажуваат колку е отстапувањето од просечното мерење на растот на вашето дете. Графиконите за раст се графикони кои покажуваат промени во должината или висината, тежината и обемот на главата на вашето дете со текот на времето. Вашиот доктор редовно ги мери овие работи и ги обележува мерењата на графиконот. Најдобро е овие мерења да ги внесете во апликацијата за мобилен телефон за да ги имате и кривите на раст на вашето дете при рака. Постојат различни графикони за раст за момчиња и девојчиња, за помали деца и постари деца. Разбирање на графиконите за растГрафиконите за раст имаат многу линии (криви) на кои е прикажан опсегот на типични модели на раст на децата на различна возраст. Најголем број на деца имаат вредности на должина, тежина и обем на главата помеѓу горната и долната кривина на листите. Половина од сите деца растат со стапка над средината на типичниот опсег, а половина растат со стапка под овој опсег. Граничните вредности се произволно утврдени и постојат две стандардни отстапувања (СД ) или Z- резултати над и под просечната вредност за возраста. Понекогаш индивидуалните криви на раст на децата преминуваат преку кривата на табелата. Ако ова е случај со вашето дете, вашиот доктор внимателно ќе го следи растот на вашето дете во следните неколку посети. Растот на вашето дете може да се врати на вистинскиот пат, или вашиот доктор може да предложи некои работи што можете да ги направите за да помогнете.
Како се мери растот на дететоДолжината се мери во лежечка положба.. За деца над две години, висината се мери во стоечка положба. За деца под две години, тежината се мери без облека на посебна вага за мерење на новороденчиња. После две години, тежината се мери во „лесна“ облека на вага за возрасни. Обемот на главата обично се мери со ставање лента околу главата на вашето бебе. Главите на бебињата растат брзо во првата година, што го олеснува проверувањето дали растат на здрав начин. |