Гризење, штипење и влечење за коса

Клучни точки Бебињата гризат, штипат и влечат за коса за да ги разберат причините и последиците. Малите деца често го прават тоа за да изразат чувства за кои немаат зборови. Одговорете на ова однесување велејќи „Не“, но останете смирени. Обрнете на таквото  однесување што е можно помалку внимание. За мали деца, обидете се да ја разберете причината за однесувањето. Ова може да ви помогне да одлучите што понатаму.
Body

Гризење, штипење и влечење за коса: зошто го прават тоа бебињата и малите деца

Малите деца може да гризат, штипат и влечат за коса за да експериментираат и да ја истражат својата околина.

Бебињата од 6-12 месеци може да се обидат да ве гризат, штипат и влечат за коса само за да истражат што се случува. 

Бебињата, исто така, може да гризат кога им растат заби, бидејќи ги болат непцата.

Мали деца може да гризат, штипат или влечат за коса затоа што се возбудени, лути, вознемирени или повредени и немаат зборови да ги изразат овие чувства.

Некои мали деца може да гризат, штипат или влечат за коса затоа што виделе како други деца го прават тоа, или други деца им го направиле тоа. Тие, исто така, може да го сторат тоа кога се караат со друго дете.

Бебиња: управување со гризење, штипење и влечење за коса

Најдобро е да му дадете јасен вербален одговор на вашето бебе кога гризе, штипе или влече за коса. На пример, можете да кажете „Не“.

Следниот чекор е да ја отстраните раката (или устата) на вашето дете и смирено да го свртите настрана или да го спуштите. Ако вашето бебе повторно ве удри, гризне или повлече за коса, одговорете на ист начин.

Ако на вашето бебе му растат заби, дајте му да гризе нешто друго, како гума за заби, ладна крпа или безбедна играчка. Ако е гладно, понудете му храна.

Бебињата ќе го повторат однесувањето што им привлекува големо внимание. Така штом вашето дете покажува позитивно однесување - на пример, да ве гали - наградете го со многу внимание.

Мали деца: управување со гризење, штипење и влечење за коса

Јасен, вербален одговор на гризење, штипење и влечење за коса е многу важен. Исто така, добро е да им дозволите на малите деца да знаат како се чувствувате. На пример, можете да кажете: „Не. Без гризење. Гризењето ја боли мама '.

Вашите следни чекори зависат од причините за однесувањето на вашето дете.

Нема зборови за „големи чувства“ 
Ако мислите дека вашето дете гризе, штипе и влече за коса затоа што не може да најде зборови за своите чувства, навистина е важно да останете смирени. Можете исто така да му помогнете на вашето дете да научи зборови за чувства. На пример, може да му кажете нешто како: „Не ме удирај! Користи свои зборови зборови.  Можеш да ми кажеш: „мамо, јас сум многу лут!“

Внимание
Отстранувањето на вашето внимание од вашето дете праќа многу моќна порака за тоа како се чувствувате. На пример, може да се свртите или да се оддалечите од детето ако тоа се обиде да ве касне.

Стимулација или глад
Ако вашето малечко гризе затоа што може да е гладно, можете да понудите крцкава храна како крекери или стапчиња пд зеленчук, шише за пијалок со сламка или гума за заби.

Ако вашето дете постојано гризе, штипе или влече за коса, обидете се да одговорите на ист начин секој пат кога тоа ќе се случи. Ова ќе му помогне на вашето дете да научи за соодветно однесување. Ако вашето дете има три или повеќе години, би можеле да размислите да му дадете казна како краток „тајм-аут“.

Ако вашето дете касне, штипне или влече за коса друго дете

Ако вашето дете гризе или повредува друго дете, останете смирени и вмешајте се брзо со извинување до детето и другиот родител. Вие исто така може да кажете „твоето другарче Стефан плаче затоа што штипењето го боли“.

Следно, смирено (ако е можно!) отстранете го вашето дете од ситуацијата.

Постари мали деца: разговарајте за гризење, штипење или влечење за коса откако се случиле

Може да помогне да разговарате за гризење, штипење и влечење за коса со постарите мали деца кога и двајцата сте смирени. Клучот е да користите јазик што вашето дете може да го разбере.  „Тешко си играше со Софи денес. Софи се исплаши кога се обиде да ја гризнеш кога сакаше да ти ја земе играчката.  Можеш да и кажеш „Софи, сега ми треба ова.  Можеме ли да споделиме? '  Тогаш Софи би сакала повторно да си игра со тебе! " 

По вознемирувачки инцидент со гризење, штипење или влечење за коса, помогнете му на вашето дете да се смири, да се вклучи во работи како што се игра со песок или вода, дување на меурчиња, играње со пластелин или цртање.