Грижа за забите кај мали деца
Четкање на забите на вашето дете двапати дневно со четка за заби и паста за заби со ниско ниво на флуор и избегнување на засладена храна и пијалоци ќе спречи расипување на забите. На децата им е потребна помош и надзор во редовната хигиена на устата и забите. Редовно носете го детето на стоматолог, еднаш до двапати годишно.
Body
Грижа за забите
Четкање
- Децата треба редовно да ги мијат забите, со четка за заби и паста за заби со ниско ниво на флуор.
- Забите се четкаат двапати дневно, наутро и навечер. Користете мала количина паста за заби со големина на ориз и постепено зголемувајте до големина на грашок.
- Во одреден момент, вашето дете ќе сака самото да ги четка забите, што треба да се дозволи и поддржи. Но, тоа нема да може добро да ги мие задните заби и сепак ќе му треба ваша помош.
- Покажете му како да се користи конец за чистење на просторот меѓу забите.
- Охрабрете го вашето дете да ја исплакне устата со вода после јадење за да ги измие остатоците од храната.
Исхрана
- Осигурајте се дека вашето дете стекнува здрави навики во исхраната.
- Избегнувајте да му нудите пијалоци со шеќер и засладена храна,
- Кога е жедно, нека пие само вода, а кога ќе му дадете сок, нека биде како дел од оброк и направен од свежо овошје.
- Посета на стоматолог
- Редовните посети на стоматолог ќе му помогнат на вашето дете да ги одржува своите заби здрави и евентуалното расипување ќе се поправи навреме.
Редовно носете го детето на стоматолошки преглед, еднаш до двапати годишно.