Игра на сетила
Потребни материјали: Марама за врзување очи.
Што може да правите заедно: Кога очите ви се врзани, ви се пореметуваат сите сетила, не само видот! Допирот е најдоброто сетило за да тестирате кога патувате и бара најмалку време за подготовка. Користете предмети кои се околу вас. Во автомобилот постојат безброј објекти кои може да ги користите како метални пари, амбалажа или кредитни картички.
Очите му се врзуваат на еден играч, потоа му се дава предметот и од него се бара да погоди што е тоа. Тој може да ги користи само своите сетила за да го погоди предметот; вкус, допир, звук или мирис и добива по еден поен за секој погоден предмет. Играчот со најголем број поени е победник!
Дали знаевте дека мирисот е поврзан со меморијата? Одредени мириси можат да поттикнат одредени сеќавања во вашиот мозок!
Што учи вашето дете: Оваа активност му помага на вашето дете да се фокусира. На овој начин учи како да го задржи вниманието и да се фокусира на своите сетила за да победи!