Игра со имиња на животни
Потребни материјали: Не се потребни
Што можете да направите заедно: Првото лице ја започнува играта со: „мислам на животно што започнува со буквата…“. Другите играчи потоа поставуваат прашања за да се обидат да го идентификуваат животното. Тие можат да постават какво било прашање, сè додека одговорот може да биде само „да“ или „не“. На пример, „дали животното има четири нозе?“ „Дали има опашка“? „Дали животното е цицач“? „Може ли да лета“? Откако животното ќе се погоди правилно, време е да ги смените улогите.
Вклучете животни кои веќе не постојат за да ја направите играта уште потешка!
Што учи вашето дете: Децата кои сакаат животни ќе сакаат да го испитуваат своето знаење во оваа брилијантна игра со погодувања. Ќе мораат да ги искористат своите најдобри детективски вештини за да го откријат мистериозното животно, работејќи истовремено и на нивните вештини за критичко размислување и на знаењето за животинското царство!