Играчки и игри - родова перспектива
Традиционално, девојчињата се охрабруваат да играат со кукли, додека момчињата се охрабруваат да играат надвор. Тоа ги учи девојчињата да бидат негувателки уште од најрана возраст, но ги спречува да развиваат когнитивни, физички и социјални вештини. На момчињата им се даваат играчки како што се пиштоли, а машките негуватели често учествуваат во поагресивни физички активности со момчиња. Иако тие поттикнуваат агресија кај момчињата, физичката активност е неопходна за развојот на сите деца. Мора да се напомене дека индустријата за дигитални игри е брзо растечки сектор кој е длабоко родово пристрасен и сексуализиран по својата содржина. Тоа има капацитет да ги продлабочи родовите стереотипи кај адолесцентите. Покрај тоа, во многу контексти, девојчињата од пет годишна возраст и нагоре се обесхрабруваат од играње и се охрабруваат да се фокусираат на обврските во домаќинството, што доведува до стагнирање на можностите за учење, раст и социјален развој.
Совети за родителите:
- Обезбедете им на децата од двата пола да имаат подеднакво и соодветно време да си играат и да учествуваат во домашните обврски
- Осигурете се дека децата од двата пола се охрабруваат да играат со родово неутрални играчки и игри што развиваат комплетен сет на социјални и когнитивни вештини, писменост, просторни вештини и сл.
- Охрабрете ги децата да играат со играчки и игри што традиционално се поврзани со спротивниот род, на пример, играње со кукли и физички активни игри
- Избегнувајте играчки и игри кои намерно поттикнуваат стереотипи, на пр. розова амбалажа, еднорози, виножита за девојчиња, итн., и осигурете се дека играчките и игрите што им се даваат на децата ги вклучуваат двата пола подеднакво
- Спречете ги децата да играат со пиштоли и насилни играчки, вклучително и со прекумерно насилни или сексуализирани дигитални игри; заменете ги насилните и агресивните игри со конструктивни физички активности
- Охрабрете ги децата да ги преточат лутината и фрустрациите во решавање проблеми, креативност и комуникација, наместо во употреба на агресија