Игри пред огледало: „Никој не е како мене“
Потребни материјали: Големо зидно огледало, или мало некршливо огледало (играчка).
Што можете да направите заедно: Дозволете му на бебето да се види себеси во огледало. Поставете некршливо огледало покрај креветчето на бебето или столчето за менување пелени, за да може бебето да се види себеси во него. Започнете да зборувате и тропнете на огледалото за да го натерате да го погледне. Кажете „Види, ова е [името на вашето бебе]“. По некое време, бебето ќе сфати дека тоа е неговиот одраз. Дозволете му на бебето да го допре огледалото и да го насочи прстот кон себе во огледалото.
Погледнете во огледалото заедно со вашето бебе - насмевнете се и мавтајте му во огледалото. Насмевнете се и направете смешни изрази на лицето заедно додека се гледате во огледалото. Со кармин или креда, заокружете го местото каде што вашето бебе се рефлектира на големото огледало, поттикнете го да го допре тоа место со прстите и да го обои огледалото со рака, да ги истражи и сфати промените. Следете сè што прави бебето со позитивни и охрабрувачки коментари, звуци, разговарајте со бебето за тоа што прави, што се случува, кој е во огледалото, повторете го името на бебето и покажете го неговото лице во огледалото. Повторете го истото со вашиот лик во огледалото. Посочете се, именувајте - тоа е мама ... ова е ... (повторете го името на детето). Како што вашето бебе расте, ќе видите како тоа почнува да го препознава своето име. Правете го тоа често.
Пред огледалото, можете да играте и игри за криење или „каде е [името на бебето]?“ со бебето. Тоа секогаш ќе се израдува и ќе се насмевне кога повторно ќе се види себе си и / или вас зад шалот што го тргате.
Кога бебето ќе почне да се превртува или лази на стомак, играјте ја играта „дојди и фати ме“. Оставете го бебето малку да се помрдне, а вие го следите и гушкате кога ќе го фатите.
Овие активности можете да ги користите во сите прилики кога има убаво големо огледало пред вас, но и во други игри на под, во креветче, на големи кревет, додека чекате во лекарската ординација итн.
Што учи вашето дете: Овие игри се толку интересни за бебето, додека истовремено го поттикнуваат развојот на слика за себе, за изгледот и за местото во опкружувањето.