Имитирање животни
Потребни материјали: Не се потребни.
Што можете да правите заедно: Имитирањето животни може да биде индивидуална активност, но особено е интересно кога се игра во поголема група. Поставете сцена на отворено, за повеќе забава.
Првиот играч одбира животно кое го сака и почнува да имитира како тоа се движи и какви звуци испушта. Првиот што ќе го погоди животното игра следен, а останатите погодуваат.
Ако детето игра само, охрабрете го да замисли и имитира повеќе различни животни, цицачи, рептили, птици, па дури и риби!
Запомнете да испуштате смешни животински звуци за да се совпадната со вашите движења!
Што учи вашето дете: Оваа активност ги предизвикува децата да се спживеат со своите омилени животни. Преку имитирањето животни, ја користат својата фантазија и да истражуваат различни движења на телото и звуци. Дополнително, набљудувањето на движењата на другите членови на групата и погодувањето на животните е возбудлива групна активност и забавен когнитивен тест.