Изгореници од сонце

Изгореници од сонце се многу чести во летните месеци. Покрај моменталната болка, може да имаат и сериозни долгорочни последици.
Body

Незаштитената кожа изложена на силна сончева светлина може да изгори во рок од 15 минути. Кожата на децата е потенка, а нејзиниот заштитен механизам е послаб отколку кај возрасните, па децата поцрвенуваат многу побрзо. Кожата изгорена од сонце е црвена, болна и отечена, може да се појават и плускавци.

Ако на местото на изгореницата нема плускавци: 

  • Оладете го местото со млаз ладна вода или ставете ладни облоги на него, и ако е зафатена поголема површина, туширајте го детето со ладна вода (не мраз ладна).
  • Можете да примените препарат базиран на алое или некоја друга подготовка за третман на изгореници, но само со претходна консултација со лекар или фармацевт.
  • Ако вашето дете има силна болка, можете да му дадете лекови против болки (парацетамол, ибупрофен), како што е препорачано од вашиот педијатар.

Ако се појават плускавци: 

  • не ги дупчете
  • дајте му на детето многу течности за пиење.
  • не го изложувајте детето на сонце во следните неколку дена додека не се намали црвенилото.

Во случај на тешки изгореници од сонце или ако детето е помало од една година, веднаш контактирајте со педијатар!