Изградете кула од карти
Потребни материјали: Шпил карти
Што може да правите заедно:
- Земете две карти од шпилот во двете раце и поставете ги на цврста подлога да се допираат со горните страни за да изгледаат како превртена буква ‘V’ или триаголник. Вежбајте некое време бидејќи ќе треба да го повторите ова неколку пати.
- Откако ќе го увежбате градењето триаголници, можете да ја поставите базата на кулата. Таа се состои од 2,3 или повеќе триаголници поставени еден до друг. За да осигурате дека се со иста ширина, поставете една карта пред секој од нив за да ја проверите нивната ширина.
- Поставете хоризонтално по една карта врз врвовите на два триаголници, за да ја поставите следната хоризонтална подлога на која ќе ги редите останатите триаголници во следниот слој. Додадете триаголници по целата должина на хоризонталната подлога.
- Поставете уште еден ред карти хоризонтално на секои два триаголници. Повторете ја постапката на секој следен ред и охрабрете се да стигнете до врвот.
Користењето на стари употребени карти на кои им избледел сјајот и пластичната обвивка ќе ја направи вашата кула многу постабилна.
Што учи вашето дете: Оваа активност вклучува градење! Вашите деца учат да бидат трпеливи и да внимаваат додека градат класична пирамидална кула од карти. Можете да играте самостојно, но можете и да организирате натпревар во градење и да се натпреварувате кој ќе изгради кула побрзо. Делот кој децата го обожаваат? Рушењето на кулата, се разбира!