Јас цртам!

Потребни материјали: Мрсни или дрвени боички или маркери (неколку ако е можно); големи парчиња хартија (може да бидат дури и весници или задната страна на некои веќе испринтани од едната страна). 

Што можете да правите заедно: На оваа возраст, повеќето деца не можат да цртаат „реални“ слики, но сакаат да оставаат траги на хартија - чкртање. Вашето дете најверојатно почна да го прави ова пред неколку месеци, а сега можете уште повеќе да го охрабрите чкртањето. Дајте му на вашето дете доволно време да го стори тоа само со ставање големо парче хартија на рамна површина, со неколку боички со кои може да црта или пишува. Вашето дете може да земе боичка и да започне да чкрта. Ако вашето дете веќе го правело ова претходно, веројатно ќе видите колку брзо го прави ова.

Дозволете му на вашето дете да има време да ги користи материјалите на кој било начин и како што тоа сака. Може да му кажете „Еј, види колку многу си нацртал. Тука гледам голем круг, и долга, долга линија таму! “ Доколку е возможно, може да залепите неколку „цртежи-чкртаници“ од вашето дете на зид, каде што вие и семејството подоцна може да им се восхитувате.

Што учи вашето дете: Овие искуства се почетни чекори кон цртање и пишување. Вашето дете добива поголема контрола врз малите мускули на неговите прсти и раце.  Вашето дете, исто така, почнува да воспоставува врски помеѓу она што го мисли неговиот мозок (остава долг, долг белег) и она што го прават неговите прсти.  Исто така, се стимулира неговиот говор кога користите зборови за да опишете што прави вашето дете.