Јас и моите пријатели

Потребни материјали: Едноставни играчки. Безбедно, добро надгледувано место за мал број деца кои можат да играат заедно

Што можете да правите заедно: На оваа возраст, вашето дете почнува да игра заедно со други деца на негова возраст - не само еден покрај друг, туку почнуваат и да прават работи заедно. Доколку е можно, соберете мал број деца, најпрво за кратки игри (освен ако вашето дете имало многу можности да го прави тоа во градинка). На некои локации, јавните паркови се добри места за да најдете неколку соиграчи.  Внимавајте на знаците дека вашето дете е заинтересирано да си игра со друго дете. Ако изгледа дека не знаат што да прават, можете да дадете предлог или да понудите предмети: „Еве две лажици, по една за секоја од вас. Дали може да ископате дупка заедно?  Можете ли да ископате голема дупка?“  Важно е да се надгледуваат децата да бидат безбедни и да се поддржуваат доколку има конфликти. Запомнете дека тие сè уште не користат многу зборови, а нивните социјални вештини се во рана фаза.

Што учи вашето дете: Вашето дете почнува да ужива во социјални интеракции надвор од неговото семејство. Во училиште и во животот, социјалните вештини ќе бидат многу важни и ќе му донесат задоволство.  На вашето дете ќе му требаат и неговите вештини за размислување за да планира што и како да игра со другите деца и ќе развие поголема способност да управува или да ги „регулира“ своите емоции за да може играта да продолжи.