Каде е играчката?

Потребни материјали: Три картонски кутии со капак; една мала играчка.

Што можете да направите заедно: За да започнете со оваа активност, потребно е прво да ги подготвите кутиите и играчката. Ставете го вашето малечко да седи на стол или рамна и пријатна површина.

Ставете пред него три картонски кутии без капакот, а во една од нив ставете играчка. Потоа ги затворате кутиите и го прашувате: каде е играчката?

Ги отворате кутиите една по една, а кога ќе ја откриете кутијата со играчката, со изненадување велите: „Еве ја!“ Сега е редот на вашето малечко, повторете го процесот и оставете го детето да ги отвори кутиите. По втор пат кога ќе ја играте играта, можете да го смените прашањето и да кажете: „ајде сега отвори ја кутијата со играчката“.

Што учи вашето дете: Оваа активност е од голема помош за стимулирање на логичкото размислување, внимание и меморија на вашето дете. Вашето дете исто така почнува да изразува незадоволство или радост.