Каде е? Па-па!
Потребни материјали: Неколку ситни предмети или играчки кои ги имате дома
Што можете да направите заедно: На оваа возраст, вашето дете учи да “кажува” што мисли со користење на своите раце - гестови. Може да се забавувате со малку игра за да го охрабрите вашето бебе да користи вакви гестови. Започнете со тоа што ќе му покажете некој мал предмет или играчка. Кажете: „Еве ти ја куклата. Каде отиде? “ (ставете ја куклата некаде каде што не може да ја дофати). Покажете на куклата и кажете: „Еве ја!“ Погледнете дали вашето бебе исто така покажува! Потоа вратете ја куклата и направете го тоа повторно сè додека вашето дете е заинтересирано. Можете да додадете уште еден гест велејќи: „Кажи и на куклата „Па-па! “ и мавтајте со раката. Покажете му на вашето бебе како да мавта: „Па-па, кукло!“
Кога вашето дете користи гестови самостојно (на пример, да покаже на некоја храна што сте ја подготвиле), можете да кажете работи како „Ги гледаш бананите? Сакаш банана? “
Што учи вашето дете: Гестовите имаат значење и затоа нивното користење е дел од развојот на говорот и комуникацијата на вашето бебе. Тоа учи дека кога ќе се обиде да комуницира, вие му одговарате. Ова е како ран разговор. Овие врски исто така помагаат во зајакнувањето на врската со вашето бебе и го поддржуваат социјалниот и емоционалниот развој.