Каде можеш да ја шутнеш топката?
Потребни материјали: Едно или повеќе топчиња (ако немате топчиња, можете да ги направите од стуткана хартија или замотани чорапи); картонска кутија поголема од топчињата.
Што можете да направите заедно: Поттикнете го вашето дете да игра: „можеш ли да ја шутнеш топката? Супер! Сега да пробаме нешто потешко. Дали можеш да застанеш тука и да ја шутнеш топката во кутијата? (кутијата е свртена и отворена кон детето). Шутирај со нозете, не со рацете. Обиди се повторно, не е лесно! Може сакаш да застанеш поблиску“. Вашите предлози ќе зависат од вештината и интересот на вашето дете. Можете и да го предизвикате: „ајде да пробаме нешто различно. Дали можеш да застанеш овде и да ја шутнеш топката, за да ја погодиш кутијата? Браво, ова е одличен шут! “
Што учи вашето дете: Вашето дете на оваа возраст развива понапредни физички вештини. Оваа и слични активности му помагаат на вашето дете да научи да ги контролира неговите движења. Вашето дете исто така ја развива својата способност за размислување, бидејќи планира колку силно да ја шутне топката, или кој агол ќе биде најдобар за топката да заврши во кутијата.