Како да доите: слики
Како да се дои во раните денови: приврзаност од страна на бебето
Приврзаност од страна на бебето е кога ќе дозволите бебето самото да ја побара градата. Легнете го помеѓу градите, кожа на кожа, придржувајќи го со рацете. Потпрете се назад, така да бебето може да лежи на градите без да го држите. Ако плаче, дозволете му да си го цица прстот пред да почне да цица.
Дозволете му на бебето самото да ја најде брадавицата. Помогнете му само ако треба. Може да лежи под агол на вашето тело. Или ако сте имале царски рез, помогнете му да ги премести нозете и телото на едната страна, каде што можете да ставите перница за да ги потпре нозете и стапалата.
Кога бебето ќе ја допре брадавицата, ќе ја притисне брадата на градате, ќе ја отвори устата и ќе почне да цица. Ова може да се случи многу брзо.
Откако доењето оди добро: приврзаност предводена од мајката
Приврзаност предводена од мајката е кога самите ќе го ставите вашето бебе на градите. Придржувајте го бебето на грбот и рамената (не главата), така да бебето лежи гради на гради. Носот треба да му биде во линија со вашата брадавица. Допрете го со брадавицата на носот и усните за да го натерате широко да ја отвори устата.
Ставете го бебето на градите. Допрете го со брадавицата на устата. Придржувајте го на грбот и рамената. Кога ќе ја земе брадавицата, најголем дел од ареолата треба да му биде во устата.
И кај приврзаноста од страна на бебе и приврзаноста од мајка, бебето е правилно прицврстено кога брадата е притисната на градите, а носот е слободен. Долната усна на бебето е нанадвор, образите се заоблени, а вашата брадавица е во устата. Бебето ќе цица брзо на почеток и ќе продолжи со подолги ритмички цицања.
Проблеми со доењето: што да правам
Кога бебето не е правилно прикачено и само ја шмука брадавицата, хранењето е болно, вашите брадавици може да се оштетат, а вашето бебе не добива доволно млеко.
Ако бебето не е прикачено правилно, застанете. Прекинете го цицањето со вметнување на вашиот мал прст во аголот на устата, меѓу непцата. Нежно отстранете го од градите.
Може да биде потребно бебето да ждригне по хранење од секоја дојка. За да го направите ова, седнете го или држете го на рамото, со нежно триење или тапкање по грбот.