Како да го заинтересирате бебето
Потребни материјали: Вообичаени предмети или игри што ги сака вашето бебе.
Што можете да направите заедно: На оваа возраст, вашето бебе не може да каже „Досадно ми е“ или „Ми се допаѓа ова, те молам, не запирај!“ Набљудувајќи како се однесува вашето малечко, ќе знаете дали е заинтересирано да гледа или да направи нешто ново. Може да започне да негодува или да ја сврти главата од нешто што порано го интересирало или можеби само треба само да го ставите на ново место или позиција.
Обидете се со неколку работи за да го одржите вашето бебе љубопитно, заинтересирано и задоволно. Вие најдобро го познавате вашето бебе. Можеби ќе го фасцинира нов предмет кој ќе го држи малку подолго. Или, може да го земете бебето, да шетате малку и да му покажете нови делови од собата. Можеби доволно време лежи на стомак и сака да се сврти на грб, за да гледа во нешто друго.
Не треба да правите нешто различно секоја минута, туку само обрнете внимание на сигналите кои ви ги дава вашето бебе и направете едноставни промени. Стимулацијата може да го направи вашето бебе задоволно и заинтересирано.
Што учи вашето дете: Дури и пред вашето бебе да почне да се движи или да разговара, тоа има начини да ви каже што му треба. Едноставните промени во предметите што може да ги гледа или држи, или малите промени во положбата, ќе ја отворат вратата за нови можности за учење. Со текот на времето, ќе дознаете што му треба, а тоа ќе ви овозможи повеќе време за себе и на вашето бебе за учење.