Како да препознаете труење кај децата?

Не постои единствена клиничка слика за труење, а во некои случаи, децата кои проголтале отров може да бидат без проблеми некое време.
Body

Симптомите што се јавуваат првенствено зависат од видот на отровот и количината која е внесена. Некои од можните симптоми и знаци на труење кај децата го вклучуваат следново:

  • детето развива слабост, поспаност, се чувствува лошо одеднаш и без јасна причина
  • нарушување на свеста
  • епилептичен напад
  • појава на главоболка
  • страв и необично однесување
  • оштетување на видот и халуцинации
  • тешкотии при движење и несмасност
  • стеснети или проширени зеници
  • детето дише брзо или со тешкотии
  • срцето на детето чука побрзо или побавно
  • иритација на мукозните мембрани на очите, носот или устата
  • појава на егзантематозни промени на кожата и промени кои личат на изгореници околу устата и носот
  • зголемено лачење на плунка или солзи
  • лош здив
  • болка и печење во грлото, градите или стомакот
  • жолтица
  • зголемено или скоро никакво мокрење
  • треска и температура
  • повраќање
  • дијареа
  • крв во столицата и/или повраќање на крв

Покрај тоа, бидете подготвени да интерпретирате некои од невообичаените појави во домаќинството како можност за труење кај децата - ширење непријатни мириси, необјаснето исчезнување или намалена количина на лек или хемикалија, истурено или испразнето пакување на лек или хемикалија и слично