Кажи и покажи игра

Потребни материјали:  Делови од гардеробата на вашето дете, хартиени кеси, списанија или сликовници.

Што можете да направите заедно: Играјте игра со именување. Именувајте ги деловите на телото, предметите што ги користите секој ден и луѓето што детето ги познава. На тој начин, тоа ќе разбере дека сè има свое име и постепено ќе започне да ги учи тие имиња.

Направете две играчки од чорапи или хартиена кеса - една за вас и друга за детето. Нека вашата играчка „разговара“ со детето или неговата играчка. Поттикнете го детето да „одговори“, и на секој од неговите одговори продолжете ја таа игра.  Можете исто така да користите мали играчки наместо кукли.

Играјте ја играта "Што е тоа?" со покажување на делови од облека, играчки, делови од тело, предмети или слики и побарајте од детето да ги именува. Ако детето не одговори на прашањето, наместо тоа, го именувате предметот и го охрабрувате детето да го повтори она што сте го кажале.  Направете ја играта забавна, а не тест.

Направете сликовница ставајќи обични, едноставни слики исечени од списанија во албум со слики. Детето ќе ужива во гледањето на неговите фотографии и фотографии од членови на семејството. Слики на домашни миленици се исто така омилени кај деца на оваа возраст. 

Ставете ја облеката на детето на креветот пред да го облечете. Побарајте од вашето дете да ви ја подаде кошулата, панталоните, чевлите и чорапите.

Земете два сада (може шолји за кафе или чинии за мусли) кои изгледаат исто, и една мала играчка. Скријте ја играчката под садот додека детето ве гледа. Прашајте го детето: "Каде отиде играчката?" Кога детето ќе ја најде, прашајте го. "Што е тоа? Како се вика?