Книга за мене

Потребни материјали: Хартија (обична или во боја), молив, боички или маркери, селотејп или хефталица; корица на веќе напишана книга со зборови „Книга за мене“. Картички или хартија со име и презиме, возраст и домашна адреса на вашето дете напишани со големи букви (за да може да се обиде да ги препише). Други предмети за украсување на „Книгата за мене“, на пример, налепници, фотографии од вашето дете итн.

Што можете да направите заедно: Поттикнете го вашето дете да направи посебна книга за него! Направете ја првата страница „Моето име“ - помогнете му на вашето дете да го каже и проба да го напише своето име и презиме, на таа страница. Може да нацрта своја слика на таа страница или да залепи своја фотографија. Потоа следната страница може да биде „мојата адреса“. Помогнете му на вашето дете да ја препише својата адреса на таа страница, помагајќи му, доколку сè уште не е во можност да го напише. Овде вашето дете може да нацрта слика каде живее. 

Потоа, ако вашето дете е заинтересирано, можете да додадете повеќе страници за него, како што се „моето милениче“ (доколку имате), „мојата омилена храна“, „мојот брат/сестра“ итн. Работете заедно на пишувањето зборови и поттикнете го вашето дете да црта.

Завршете со лепење или спојување на книгата заедно.  Прочитајте им ја на другите во семејството!  Ставете ја на место каде што вашето дете ќе ја најде и читајте ја одново и одново.

Што учи вашето дете:  Заради сопствена безбедност, важно е децата да го знаат своето полно име и адреса доколку се изгубат.  Познавањето на ваков вид информации, исто така, го гради чувството за идентитет и место на вашето дете во неговото семејство и заедница.  Оваа активност го зајакнува развојот на писменоста на вашето дете - неговото познавање на букви и зборови и важноста на читањето и пишувањето во секојдневниот живот.