Кој е ова?
Потребни материјали: Не се потребни
Што можете да направите заедно: Можеби ќе се изненадите што на оваа возраст, вашето дете одеднаш почнува да се плаши, станува срамежливо или се чувствува незгодно кога среќава луѓе што не ги познава. Претходно, можеби, вашето дете им се насмевнуваше на сите. Ова е уште еден чекор во развојот на вашето дете и покажува дека ве познава и многу се грижи за разликата помеѓу вас - неговите посебни луѓе - и сите други.
Секогаш кога е можно, дајте му време на вашето дете да се приврзе со нова личност. Држете го вашето дете додека разговарате со другата личност, бидејќи така го утешувате. Наместо да го задевате или да го поттикнувате вашето дете („Немој да бидеш толку срамежлив!), дозволете му да одговори или да не одговори, ако тоа го прави порелаксирано. Ако новата личност започне да го преоптоварува вашето дете со пријателство, можете едноставно да кажете: „Ајде да му дадеме малку време да те запознае“, повторно избегнувајќи етикетирање на вашето дете како срамежливо или дете кое се плаши. Во зависност од ситуацијата, може да и дадете на новата личност некоја играчка или друг предмет кој ќе ја поттикне љубопитноста кај вашето дете и ќе го „скрши мразот“.
Што учи вашето дете: Оваа непријатност со новите луѓе може да трае доста време, но вашето дете учи две работи. Прво, тоа учи дека сте извор на доверба и утеха во вознемирувачки ситуации (емоционална безбедност). Второ, вашето дете учи дека другите луѓе се често пријатни и дека може да биде забавно да се биде со нив (социјален развој). Како и секогаш, вашата поддршка прави голема разлика.