Кој сум јас?

Потребни материјали: Фотографија на вашето дете (ова може да биде слика во вашиот телефон ако немате на хартија).

Што можете да направите заедно: Погледнете ја фотографијата заедно.  Кажете: „Еј, ова е ___!“ (името на вашето дете).  "Кој е ова?  Да тоа е __!" (Вашето дете може да го каже своето име или кажете го името заедно со него). „Имаш три години! Ти си девојче / момче! “ Можете да зборувате за неговото име, возраст и пол во истиот разговор или да започнете само со името и возраста - се што одговара на она што вашето дете го знае и го интересира. Погледнете ја фотографијата, а можеби и други фотографии од вашето дете, во различни периоди, охрабрувајќи го или да го каже своето име и возраст и „Јас сум девојче“ или „Јас сум момче“.  Вашето дете може исто така да ужива да го споделува ова со другите членови на семејството. Без фотографии, обидете се да го прашате вашето дете: „Како се викаш?“ „Така е, ти си __!“)

Што учи вашето дете:  Познавањето на името, возраста и полот е дел од развојот на идентитетот на вашето дете или неговото спознание за себе.