Кореографија
Потребни материјали: Телефон или радио.
Што може да правите заедно: На отворено (во двор или парк), пуштете музика и охрабрете ги децата активно да слушаат и да го почувствуваат ритамот. Охрабрете ги да играат, да ги испружат рацете и нозете, да се истегнат „до небото“ и да ја допрат земјата и да плескаат со рацете и нозете. Откако ќе го откријат својот „стил“ на играње, охрабрете ги да продолжат во тој ритам и да измислат свој сопствен танц!
Направете листа со песни со различни стилови и забавувајте се со експериментирање со идеи за танцување!
Што учи вашето дете: Охрабрувањето на децата да бидат свои сопствени кореографи има дава многу простор да испробуваат нови движења, да го запознаваат своето тело и да експериментираат со креативност. Танцувањето е забавен начин за физички вежби и подобрување на координацијата, рамнотежата и силата, а истовремено се зајакнува нивната самодоверба, позитивната перцепција за своето тело и целокупната благосостојба. А природата е инспиративен театар, преполн со површини доволно меки за храбри движења и вртења!