Криенка
Потребни материјали: Не се потребни.
Што можете да правите заедно: Оваа игра може да се игра со два или повеќе играчи. Договорете се до колку ќе брои тој што мижи, во зависност од бројот на играчи и просторот со кој располагате. Тој што мижи ќе ги покрие очите или ќе се сврти накај ѕид и откако ќе одброи ќе викне "Барам!"
За тоа време, останатите играчи наоѓаат место каде што ќе се сокријат и не смеат да го менуваат се додека не бидат пронајдени. Тој што бара сам треба да ги наоѓа играчите еден по еден. Последниот играч кој не е пронајден мижи следен.
Постојат многу варијанти на оваа игра кои е интересно да се додаваат. Понекогаш, пронајдените играчи му помагаат на тој што бара да ги пронајде останатите. Можете да си поставите свои правила и да се забавувате дома или надвор!
Античките грци играле слична игра на криенка во вториот век пред нашата ера!
Што учи вашето дете: Класичната игра на криенка ги тера децата да практикуваат вештини како броење, трчање, криење и набљудување. Забавна е за целото семејство, бидејќи не бара посебни услови и може да вклучи голем број играчи!