Крварења од носот

Крварењата од нос кај деца се многу честа појава. Најчесто, нема потреба од загриженост. Доколку носот крвари,  притиснете цврсто со прстот и палецот на страните на ноздрите (мекиот дел од носот). Повторете ја процедурата по 10 минути доколку крварењето на носот не запре. Ако не можете да го запрете крварењето, однесете го вашето дете на лекар или во итна помош.   
Body

Крварења од носот кај деца

Крварењата од нос кај деца се многу честа појава

Крварењето од нос кај деца се случува доколку:

  • често го допираат носот и внатрешно го повредат
  • се случи удар на носот
  • многу силно го дуваат носот 
  • доколку страно тело им се заглави во носот
  • имаат алергии
  • добиваат инфекции во носот, грлото или синусите
  • погрешно користат лекови како спрејови за нос
  • носот е иритиран поради сув воздух.

Ретки причини за крварења од носот може да бидат нарушувања на крвта, ретки нарушувања на крвните садови и останати медицински состојби.

Крварењето од носот понекогаш изгледа обилно. Но, иако изгледа така, крварењето не е толку силно и обилно. 

Дали треба да посетите лекар при крварење од носот?

Треба да го однесете вашето дете на лекар доколку:

  • крварењето не престане по 20 минути и покрај цврстиот притисок врз носот
  • детето има влошена состојба, изгледа бледо или има необјаснети модринки на телото
  • вашето дете е помало од две години и има крварење од носот
  • вашето дете има редовни крварења од носот.

Третман на крварење од нос

Првиот чекор за третман на креварење од нос е да останете смирени. Тоа ќе влијае и на вашето дете. Детето може да се вознемири од крвта и нејзиниот вкус, а плачењето може да го влоши крварењето. 

Следниот чекор е примена на цврст притисок со прстот и палецот на страните на ноздрите (мекиот дел од носот).

Продолжете го овој чекор во следните 10 минути. Притоа, вашето дете треба да седне, да ја држи главата мирна и малку навалена напред. Не го легнувајте надолу и не ја навалувајте главата назад. Почекајте цели 10 минути. Во меѓувреме, не проверувајте дали крварењето престанало. 

Ако носот на вашето дете се уште крвари по 10 минутен притисок, повторете го процесот уште еднаш односно уште 10 минути.

Доколку крварењето престане
Во следните 24 часа, поттикнете го детето да не го допира ниту празни (дува) носот. Тоа ќе помогне за згрутчување на крвта во носот.

При проголтување на крв, често пати децата можат да повратат. Тоа е нормален процес. 

Доколку крварењето не престане
Доколку не можете да го прекинете крварењето со горните чекори, треба веднаш да посетите лекар. 

Лекарот може да аплицира крем или маст во носот на вашето дете со цел да помогне во запирање на крварењето. 

Тампонада на нос
Ова е чест третман при крварење од носот. Лекарот става специјален тампон во носот на вашето дете. 

Каутеризација
Ова е уште еден чест третман за крварење на носот. Лекарот користи специјална хемикалија за да го сопре крварењето и да го „замрзне“ крвниот сад. 

Иако ретко се случува, некогаш можно е да се јави потреба од посета на специјалист за уво, нос и грло.

Што после крварење од носот

Еве што да направите после крварење од носот:

  • Осигурајте се дека детето ќе мирува во текот на наредните 24 часа.
  • Одбегнувајте топли бањи.
  • Носот не треба да се раздразнува дополнително со допир или дување. 

Понекогаш лекарот ќе препорача користење на солен спреј за нос или маст за подмачкување за да помогне со сувост. Лекарот исто така може да препорача употреба на маст за нос.