Куглање со шишиња
Потребни материјали: Пластични шишиња, креда, мека топка.
Што може да правите заедно:
- Ставете ги пластичните шишиња на одредено растојание, околу 50 см оддалечени едно од друго во просторот за игра.
- Со креда нацртајте круг околу секое шише.
- Одберете едно дете кое прво ќе фрла со топката. Останатите деца имаат улога на бранители на шишињата – секое треба да одбере еден круг. „Бранителите“ ја ставаат едната нога во кругот околу своето шише, а другата нога ја користат за да се бранат од топката кога детето ја фрла.
- Детето кое ја фрла топката стои 2-3 метри од круговите и ја става топката на земја. Потоа ја шутира топката кон некое од шишињата, со намера да го собори. Доколку успее во тоа, детето што фрла и детето што брани ги заменуваат улогите.
За да ја играте оваа игра, потребна ви е цврста подлога или тартан во парк.
Што учи вашето дете: Оваа игра е мешавина од куглање и фудбал и ги држи децата на нозе! Децата уживаат да го поставуваат игралиштето, да се договараат како да ги постават шишињата и да цртаат околу нив со креда, пред да започнат со шутирање. Сите движења се одлични за развој на многу вештини, моторни и когнитивни и им помага на децата да изградат самодоверба во нивната транзиција кон тимски спортови.