Лов на бои

Потребни материјали: Мали предмети, секој со различна боја (пример: црвен чорап или портокал)

Што можете да направите заедно: Поканете го вашето дете да игра игра „лов на бои“. „Види!  Еве еден црвен чорап.  Дали можеш да најдеш некои други предмети кои имаат црвена боја? Ајде да најдеме заедно! “  Истражете различни делови од вашиот дом или правете го тоа на отворено. Често повторувајте ја бојата која ја барате.  

Друг пат, направете „лов на бои“ барајќи предмети со различна боја.  Вклучете виолетова, портокалова, кафеава, за да може вашето дете да научи повеќе бои.  Како што тоа учи повеќе, може да побарате од него само да пронајде предмети од одредена боја, или да го прашате која боја сака да ја бара. 

Покрај оваа игра, помогнете му на вашето дете да научи бои само со користење на нивните имиња во секојдневниот разговор (готвење: „сега ќе ги излупам жолтите банани“ или облекување: „ајде да ја облечи ја розевата кошула денес.“)

Што учи вашето дете:  Познавањето на боите е важен дел од подготвеноста за училиште.  Размислувањето на вашето дете се развива додека го учи концептот дека предметите може да изгледаат различно, но имаат иста боја - и дека слични предмети, како на пример капи, имаат различни бои.